Monday, April 18, 2011

ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Земјата е една од осумте планети кои спаѓаат во Сончевиот систем. Таа е трета по оддалеченост и е единствената планета на која има живот. Настаната е пред околу 4,6 милијарди години. 

Природниот сателит на Земјата – Месечината почнал да кружи околу неа пред околу 4,53 милијарди години. Таа има влијание на плимата и осеката на водените површини на Земјата. Земјата обиколува полн круг  околу Сонцето за време од една година односно за 365,26 соларни денови. Оската на Земјата е накривена под агол од 23,5˚, а тоа е последицата што  постојат 4 годишни времиња.

На Земјата има 71% вода и 29% копно. Земјата е единствената планета каде што водата може да остане во течна агрегрегатна состојба. Површината на Земјата е многу пати променета поради тектонските движења.


Изработиле:
Соња Анастасова
Ивана Недановска
Сара Ивановска

ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Земјата е една од осумте планети кои спаѓаат во сончевиот систем. Таа е трета по оддалеченост и е единствената планета на која има живот. Настаната е пред околу 4,6 милијарди години. 
Природниот сателит на Земјата – Месечината почнал да кружи околу нејзе пред околу 4,53 милијарди години. Таа има влијание на плимата и осеката. Земјата кружи околу сонцето еднаш годишно односно за 365,26 соларни денови. Земјата се наоѓа под агол од 23,5˚, а тоа е последицата што  постојат 4 годишни времиња.
На Земјата има 71% вода и 29% копно. Земјата е единствената планета каде што водата може да остане во течна агрегргатна состојба. Помршината на Земјата е многу пати променета поради тектонските движења.


Соња Анастасова
Ивана Недановска
Сара Ивановска
     

Wednesday, April 13, 2011

ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

                                                                   Изработиле:
                                                        Ивана Недановска
                                                          Соња Анастасова
                                                             Сара Ивановска

Tuesday, March 8, 2011

Што е блог

Блог е тип на вебсајд кој обично го одржува една личност со редовно внесување на коментари, описи на настани или други материјали како графики и видеа. Блог е дневник на интернет кој може да содржи и фотографии, линкови и коментари од посетителите.Овој вид на содржина на интернет е се уште во развој, не постои универзална дефиниција за блогерство. Зборот блог е кратенка од веблог кој служи како јавно пристапен дневник на една личност.

Карактеристики: главен дел-постовите се редат хронолошки, најновиот е на врвот.
Категории и архива.

Видови блогови:
според начинот на одржување:
-лични
-корпоративни
според жанрот:
-политички
-модни
-блогови за проекти
-блогови за патувања
-уметнички
-образовни

Tuesday, February 15, 2011

Безбедност на интернет

Дали се јавува зависност кај корисниците од интернет? Дали сите содржини се безбедни? Дали има злоупотреба преку интернет? Дали интернетот нуди едукативни содржини?
Секако дека одговорот на сите овие прашања е ДА. Постојаното користење на интернетот секој ден со навлегување во длабоки содржини води кон голема зависност од која нема откажување во ниту еден слободен момент. Такви примери има меѓу помладите кои стануваат се повеќе заробени во светот на msn, facebook и twitter. Седењето покрај компјутер е безбедно зошто она што сакаме да го прочитаме со селектирање на безбедни содржини не исполнува во целост. Не безбедните извори на информации може да се стават во игнор и на таков начин да се избегне секаква злоупотреба во мрежата на корисниците. Не треба да заборавиме дека постојат лица кои преку интернетот шират закани, лажни информации и заплашување. Во оваа група може да се вклучат и лица кои преку интернет вршат сајбер насилство, поставувајќи слики и информации со понижување на одредена личност. Нивното идентификување може да биде само од страна на лица со голем интелект. Информациите од јавен карактер со позитивни содржини значат ефикасност во комуникацијата, едукацијата и процесирањето на јавната мисла и свест. Затоа може да кажеме дека користењето на интернетот е важно во современото општество и без него не може да се замисли живеењето на новите генерации.