Tuesday, February 15, 2011

Безбедност на интернет

Дали се јавува зависност кај корисниците од интернет? Дали сите содржини се безбедни? Дали има злоупотреба преку интернет? Дали интернетот нуди едукативни содржини?
Секако дека одговорот на сите овие прашања е ДА. Постојаното користење на интернетот секој ден со навлегување во длабоки содржини води кон голема зависност од која нема откажување во ниту еден слободен момент. Такви примери има меѓу помладите кои стануваат се повеќе заробени во светот на msn, facebook и twitter. Седењето покрај компјутер е безбедно зошто она што сакаме да го прочитаме со селектирање на безбедни содржини не исполнува во целост. Не безбедните извори на информации може да се стават во игнор и на таков начин да се избегне секаква злоупотреба во мрежата на корисниците. Не треба да заборавиме дека постојат лица кои преку интернетот шират закани, лажни информации и заплашување. Во оваа група може да се вклучат и лица кои преку интернет вршат сајбер насилство, поставувајќи слики и информации со понижување на одредена личност. Нивното идентификување може да биде само од страна на лица со голем интелект. Информациите од јавен карактер со позитивни содржини значат ефикасност во комуникацијата, едукацијата и процесирањето на јавната мисла и свест. Затоа може да кажеме дека користењето на интернетот е важно во современото општество и без него не може да се замисли живеењето на новите генерации.

No comments:

Post a Comment