Дали се јавува зависност кај корисниците од интернет? Дали сите содржини се безбедни? Дали има злоупотреба преку интернет? Дали интернетот нуди едукативни содржини?
Сепак, треба да имаме предвид дека интернет содржините можат да бидат со најразновиден карактер: едукативен, информативен, забавен и сл. Исто така, нив може да ги постави секој корисник на интернет без оглед на неговата возраст, образование и намера. Не сите содржини се поставени од корисници со добри намери. Има и такви на кои целта им е да го збунат корисникот, особено ако целната група за која е наменета содржината се малолетници - деца. Затоа ако било кој дел од содржината поставена на интернет во било кој момент создаде чувство на збунетост, нејаснотија, засраменост или нелагодност, детето кое ја користи треба да прекине да ја користи. Може дури да постави и блокада или да ги игнорира наредните пораки и содржини што пристигнуваат од „несоодветниот“ корисник. Доколку збунувачките пораки и содржини и понатаму продолжат да пристигнуваат треба да се побара помош од родителите или од некое друго возрасно лице во кое детето има доверба.
Затоа контролата за потенцијалните измами преку интернет е во рацете на самиот корисник. Тој е лично одговорен за заштита на своите лични податоци, кои што се името, адресата, телефонскиот број, името и локација на училиштето, термин и локација на вон-училишните активности и сл. Дури и личните фотографии претставуваат лични податоци и нивното поставување на интернет може да биде цел на измами и злоупотреби.
Совесното користење на интернетот може да ги збогати нашите знаења и ни овозможува лесен начин за добивање и проверка на одредени информации, како во наставно-научниот процес во училиштето, така и во личното надградување на општите познавања. Исто така го олеснува и секојдневниот живот, преку информации за возни редови и редови на летања, проверка на банкарски сметки, електронско плаќање, информации на јавни институции, електронско купување, резервации за патување и сместување и сл.
No comments:
Post a Comment