Земјата е една од осумте планети кои спаѓаат во сончевиот систем. Таа е трета по оддалеченост и е единствената планета на која има живот. Настаната е пред околу 4,6 милијарди години.
Природниот сателит на Земјата – Месечината почнал да кружи околу нејзе пред околу 4,53 милијарди години. Таа има влијание на плимата и осеката. Земјата кружи околу сонцето еднаш годишно односно за 365,26 соларни денови. Земјата се наоѓа под агол од 23,5˚, а тоа е последицата што постојат 4 годишни времиња.
На Земјата има 71% вода и 29% копно. Земјата е единствената планета каде што водата може да остане во течна агрегргатна состојба. Помршината на Земјата е многу пати променета поради тектонските движења.
Соња Анастасова
Ивана Недановска
Сара Ивановска
No comments:
Post a Comment